Нови 12 преводи од стручната литература, отсега ќе им бидат на располагање на македонските студенти. Меѓу овие изданија кои се изучувуваат на најдобрите светски универзитети, се и книгите од областа на правото од кој учат студентите во Франција и Германија.

Книги од областа на медицината, стоматологијата, политиката, правото, текстилната индустрија и претприемништвото се дел од 762-те преведени наслови, во рамките на проектот „Превод на 1000 стручни и научни книги“.

Промоцијата ја одржаa Министерот за образование и наука Панче Кралев и премиерот Никола Групевски, коi истакнаа дека проектот ќе овозможи македонската академска јавност да биде во тек со научните сознанија во светот.

За целосно комплетирање на проектот, остануваат да се преведат уште 238 книги.

OhridNews