Нови 473 случаи на Ковид -19 од направени 3.146 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа. Од вкупниот број нови случаи, 74 се реинфекции. Починати се вкупно 13 лица од кои шест во изминатото деноноќие. Кај 11 од починатите се регистрирани коморбидитети.

Од починатите во изминатите 24 часа, по едно лице има од Прилеп, (89), Кочани (85), Штип (80), Охрид (71), Велес (85) и Кичево (71), додека според регистарот на починати лица со дијагноза Ковид -19 дополнително се пријавени седум починати лица на возраст од 58 до 84 години. По двајца починати има од Скопје и од Битола и по едно починато лице од Крива Паланка, Штип и Гевгелија.
Министерството за здравство регистрира и 775 оздравени пациенти.
OhridNews
					



							






