Во последните 24 часа регистрирани се нови 124 случаи на Ковид-19, од направени 1.798 тестови. Регистрирани се 114 оздравени пациенти, а нема пријавено починати лица, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции.
Регистрирани сe 114 оздравени пациенти од: Скопје – 66, Битола – 21, Берово и Тетово – по 4, Куманово и Струмица – по 3, Прилеп, Кавадарци, Штип и Радовиш – по 2, Кичево, Велес , Ресен, Делчево и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.
OhridNews











