Во последните 24 часа, регистрирани се 473 нови случаи на КОВИД 19 од направени 2.708 тестирања, починале вкупно 18 лица, 14 во изминатото деноноќие и четворица пријавени преку системот „Мој термин“. Евидентитани се 505 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новорегистрираните, од Скопје се 246, Битола 41, Кавадарци 23, Охрид 22, Куманово 21, Прилеп 18, Кочани 13, Велес 11, Струмица и Гевгелија по 9, Валандово 7, Берово 6, Штип 5, Кичево, Крива Паланка, Пробиштип и Македонска Каменица по 4, Тетово, Свети Николе, Кратово и Демир Хисар по 3, Гостивар, Струга, Неготино, Ресен и Богданци по 2 и Радовиш, Делчево, Крушево и Македонски Брод по 1.

Од 505-те оздравени пациенти од Охрид се 6. Во моментов во Охрид активни се 274 случаи на Ковид 19.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 84г и 84г), по 2 починати лица од Куманово (66г и 70г) и Битола (77г и 79г) и по едно починато лице од Тетово (69г), Велес (89г), Кавадарци (79г), Крива Паланка (76г), Пехчево (93г), Ресен (76г) и Демир Хисар (82г). Од пријавените 13 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Македонска Каменица (2), Битола (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 75-89г, сите лица се починати во домашни услови.

OhridNews