Во изминатите 24 часа регистрирани се 246 нови лабораториски позитивни случаи на КОВИД-19, со што бројот на активни случаи изнесува 4.828, а оздравени се 547 пациенти и пријавени се три починати лица, информираат од Министерството за здравство.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.072 тестирања, а регистрирани се 246 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје – 145, Струмица – 16, Прилеп – 14, Штип, Охрид и Битола – по 12, Кавадарци – 10, Неготино – 4, Струга, Гевгелија и Куманово – по 3, Велес и Ресен – по 2, Кичево, Гостивар, Валандово, Радовиш, Тетово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по еден.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се три починати лица: 2 починати лица од Скопје (63г и 86г), и едно починато лице од Струмица (53г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се три починати лица, по едно лице од Скопје (86г), Тетово (78г) и од Кичево (68г). Од пријавените лица, 2 од нив се починати во болнички, а едно лице во домашни услови.
Во моментов во Охрид официјално евидентиранио се 256 активни случаи со Ковид.
OhridNews











