Во изминатите 24 часа регистрирани се 27 нови случаи позитивни на коронавирусот од направени 1.314 тестирања. Во истовреме, регистрирани се 192 оздравени пациенти, но и 19 починати лица.
Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 19, Прилеп, Штип и Виница – по 2, Струга и Кочани – по 1.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.725, бројката на оздравени пациенти е 146.043, на починати е 5.230, а бројот на активни случаи изнесува 3.452.
OhridNews











