Во последните 24 часа регистрирани се нови 303 случаи на Ковид-19. Има вкупно 1169 оздравени пациенти, а починаа 41 лице, соопшти денеска Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Направени се вкупно 1.405 тестирања, а од вкупниот број нови случаи, во Скопје се 195, Прилеп 28, Куманово 17, Гостивар 14, Тетово 8, Кавадарци 7, Велес, Штип и Неготино по 6, Струга и Кичево по 3, Струмица и Гевгелија по 2, Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш, Дебар и Пробиштип по 1 лице.
Регистрирани се 1169 оздравени пациенти, eден во Охрид.

Направени се 1.405 тестови преку: ИЈЗ-207, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-33, Жан Митрев (Филип Втори)-208, Авицена-0, Биотек-190, Систина-360, лабораторија Лаор–0, Синлаб-30, Ремедика-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 337.
Вo врска со првично објавените информации, дека меќу починатите е и 22 годишно момче од Струга, Министерството за здравство објави дека нема таков случај, односно дека се работи за ненамерна грешка.
Во денешниот дневен извештај за коронавирусот во изминатото деноноќие има ненамерна грешка. Имено, во извештајот нема починат пациент на 22 годишна возраст од Струга, односно починатиот пациент од Струга има 72 години, се вели во соопштението на Министерството.
OhridNews











