Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 5.959 тестирања, при што се потврдени 325 нови случаи со Ковид-19, од кои 7 во Охрид.
.Регистрирани се 11 оздравени пацеинти, како и едно едно починато лице во болнички услови од Битола (55г), соопшти Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 1.005.162 тестирања на Ковид-19.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 157.251 бројот на оздравени пациенти е 150.481, на починати е 5.502, а на активни случаи изнесува 1.268, од кои 18 во Охрид.
OhridNews











