Од 2013 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 347 нови случаи на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство.

Од нив, 179 се во Скопје, 24 во Куманово, 18 во Охрид, 14 во Тетово, по 13 нови случаи има во Штип и Кавадарци, 11 во Велес, 10 во Делчево, по осум новодијагностицирани имаат Гостивар и Кочани, седум во Струмица, пет во Прилеп и Пробиштип, четворица во Струга, Кичево, Дебар и Берово, тројца во Крива Паланка и Богданци, двајца во Свети Николе и Демир Капија и по еден нов случај во Битола, Гевгелија, Ресен, Виница, Крушево и Пехчево.

Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (35, 75, 65, 81 и 74г.), еден пациент од Штип (80г.), еден од Велес (82г.), од Струмица (78г.), од Кавадарци (55г.), еден пациент од Валандово (63г.),и еден пациент од Пехчево (93г.). Еден е починат вон, а останатите пациенти се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 378 оздравени пациенти.

Во моментов во Охрид има 367 активни случаи, а во Струга 157.

OhridNews