Во последните 24 часа во земјава се направени 3081 тестирања, а регистрирани се 1198 нови случаи на Ковид-19, од кои 42 во Охрид. Во денешната евиденција има и тројца починати пациенти од Охрид. Најмладата жртва има 35 години, а останатите се на 46 и 67 годишна возраст, информира Министерството за здравство.

Најмногу нови случаи и денеска има во Скопје 572, а следат Битола 92, Штип 49, Прилеп 53, Охрид 42, Велес 42, Куманово 41, Струга 34, Струмица 34, Тетово 28, …

Починати се 26 лица, осум пациенти од Скопје (72, 67, 88, 61, 87, 83, 59 и 67г), еден од Куманово (80г), еден од Штип (67г), двајца пациенти од Прилеп (73 и 60г), двајца од Тетово (71 и 56г), двајца од Струга (68 и 37г), двајца од Велес (76 и 55г), четири пациенти од Битола (35, 73, 55 и 82г), тројца од Охрид (46, 67 и 35г) и еден пациент од Гостивар (53г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 621 оздравени пациенти 11 од Охрид.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 51213, бројката на оздравени пациенти е 30204, на починати е 1423, а бројот на активни случаи изнесува 19586.

Во Охрид во моментов има 564 активни случаи.

OhridNews