Во последните 24 часа регистрирани се нови 433 случаи на Ковид-19, од направени 2.453 тестирања. Оздравени се 641 пациент, а починаа 46 лица, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од вкупниот број новорегистрирани, во Скопје се 174, Куманово – 39, Битола – 34, Охрид – 24, Струга и Кичево – по 16, Прилеп, Велес и Струмица – по 15, Штип – 11, Тетово и Кочани – по 9, Гевгелија и Виница – по 8, Кавадарци – 7, Гостивар – 6, Неготино – 5, Свети Николе – 4, Делчево и Крушево – по 3, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка и Ресен – по еден.

Досега во земјата се направени вкупно 718.626 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 152.002, бројката на оздравени пациенти е 132.171, на починати 4.818, а бројот на активни случаи изнесува 15.013.











