Во последните 24 часа согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 2.730 тестови, а регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 74 реинфекции.

Досега во земјата се направени вкупно 1.896.139 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 298.195, бројот на оздравени пациенти е 285.907, на починати е 9.036 а бројот на активни случаи изнесува 3.252.

Како што соопштија од Министерството за здравство, од новите случаи во Скопје се 246, Велес – 25, Битола – 24, Прилеп – 22, Тетово, Кавадарци и Ресен по 17, Куманово – 15, Гостивар и Гевгелија по 10, Штип – 7, Охрид и Свети Николе по 6, Струмица, Кичево, Неготино и Крива Паланка по 5, Кочани – 3, Струга, Пробиштип, Кратово и Демир Капија по двајца, Дебар, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран по еден.

Регистриран сe 447 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се шест починати лица: двајца починати лица од Скопје (76г и 80г) и по едно починато лице од Крива Паланка (64г), Радовиш (82г), Прилеп (75г), и Тетово (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени три починати лица од: Скопје (2), Велес (1). Починатите лица се на возраст од 71г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 22.02. до 25.02.2022. Од пријавените лица едно лице е починато во домашни услови, а две лица се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај девет лица се регистрирани коморбидитети.

OhridNews