Во последните 24 часа направени се 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на Ковид-19, од кои 47 во Охрид.  Најмногу заразени со Ковид-19 се од Скопје – 472, по што следат Битола со 87, Прилеп 78, Тетово со 61, Куманово 58, Штип-43, Струмица-39, Струга-29, Кавадарци и Велес по 32, Кичево-26,Гостивар-22, Свети Николе и Ресен по 17, Кочани-15, Делчево-12, Неготино-11,Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод по 10, Берово-9, Крива Паланка-6, Валандово-5, Виница, Дебар, Кратово, Радовиш и Крушево по два, Пехчево и Гевгелија по еден.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1094 оздравени пациенти, 38 од Охрид.

Починати се 30 лица, девет пациенти од Скопје (46, 54, 59, 67, 82, 67, 55, 64 и 61г), двајца од Куманово (62 и 69г), еден пациент од Штип (72г), еден од Велес (78г), шест пациенти од Битола (60, 77, 38, 66, 72 и 39г), тројца од Гостивар (56, 66 и 63г), еден пациент од Гевгелија (65г), еден од Струмица (77г), еден од Кочани (65г), двајца од Делчево (66 и 68г), еден од Кратово (65г), еден од Кичево (61г) и еден пациент од Неготино (84г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 1506, а во моментов активни се 605 случаи.

OhridNews