Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.192 тестови, а регистрирани се 48 нови случаи со КОВИД-19, двајца починати и 253 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од 48 новозаоболени од Скопје се 42, Кавадарци – 3, Гостивар – 2 и Прилеп – 1. Од вкупниот број на позитивни (48), регистрирани се седум реинфекции.

Во Охрид во моментов активни се 67 случаи.

Од 253 оздравени пациенти од Скопје се 169, Куманово – 17, Битола и Прилеп – по 13,Кавадарци – 10, Гевгелија – 5, Струмица – 4, Тетово, Ресен и Виница – по 3, Велес, Гостивар и Кочани – по 2, Кичево, Неготино, Радовиш, Валандово, Богданци, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 2 починати лица од Струга (64г) и Прилеп (63г) во болнички услови. Кај двете починати лица се регистрирани коморбидитети.

OhridNews