Во последните 24 часа се направени 1845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на ковид-19, од кои 6 во Охрид и 3 во Струга. Во Скопје уима 51 нов случај, во Штип 13, а во Куманов0 11.

Починати се 2 лица, пациент од Скопје и пациент од Штип.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 111791 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11554, бројката на оздравени пациенти е 7607, на починати е 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3428.

OhridNews