Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 965 тестови, а регистрирани се 64 нови случаи со КОВИД-19, двајца починати и 296 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените 64 случаи од Скопје се 50, Прилеп и Кавадарци – по 5, Битола, Тетово, Крива Паланка и Виница – по1.

Од вкупниот број на позитивни (64), регистрирани се 12 реинфекциии.

Од 296 оздравени пациенти од Скопје се 173, Прилеп – 17, Кавадарци – 14, Куманово – 13, Струмица – 11, Битола – 10, Велес, Гостивар и Охрид – по 8, Кочани и Дебар – по 4, Кичево, Ресен и Кратово – по 3, Крива Паланка, Штип, Струга, Гевгелија, Берово и Валандово – по 2, Тетово, Радовиш, Богданци, Демир Капија и Пехчево по – 1.

Од двете починати лица, едното е од Скопје (63г), а другото од Струмица (77г). Починати се во болнички услови.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени две починати лица, од Скопје (73г) и Гевгелија (63г). Пријавените лица се починати во период од 05.03. до 12.03.2022 година. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (4), кај три се регистрирани коморбидитети.

OhridNews