Во изминатото деноноќие регистрирани се нови 378 случаи на Ковид-19 од направени 2.560 тестирања. Од нив, 58 се реинфекции. Министерството за здравство регистрира седум починати пациенти, сите со коморбидитети. Оздравени се 432 пациенти.

Сите починати пациенти во изминатото деноноќие се починати во болнички услови. Четворица се од Скопје (70г, 70г, 71г и 77г) и по едно починато лице има од Битола (82г), Кратово (63г) и Охрид (90г).
Бројот на активни случаи во моментот е 4.172 лица.
Од почетокот на пандемијата во земјава се регистрирани 297.081 случај на Ковид-19. Оздравени се
283.908, а починати 9.001 лице.
OhridNews











