Нови 913 случаи на Ковид-19 од направени 3.707 тестирања се регистрирани во изминатото деноноќие. Починати се 16 лица, а оздравени 351 пациент.
Според податоците што вечерва ги објави Министерството за здравство, најголем број од новите случаи повторно се во Скопје – 440, по што следуваат Прилеп – 64, Кавадарци – 50, Куманово – 45, Тетово – 35, Гевгелија – 33, Неготино – 31, Гостивар – 29, Охрид – 26, Велес и Битола – по 24, Струмица – 21, Крушево – 11 и Кочани и Крива Паланка по 10. случаи. Едноцифрен е бројот на нови случаи во Ресен – 7, Струга и Свети Николе по 6, Кичево и Демир Капија по 5, Штип, Радовиш, Богданци и Демир Хисар по 4, Делчево, Берово и Валандово по 3, Дојран – 2 и Пробиштип, Виница, Македонски Брод и Пехчево по 1 нов случај.

Досега, во земјата се направени вкупно 551.917 тестирања. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 109.262. Бројката на оздравени пациенти е 96.173, на починати 3.244, а бројот на активни случаи изнесува 9.845.
OhridNews











