Нови декларативни заложби или конечно придвижување на работите?
06.02.09 07:09
Охрид денеска уште еднаш ќе биде домаќин на средба помеѓу министрите за животна средина на Македонија и Албанија. Во случајот ќе се сретнат Неџат Јакупи во улога на домаќин и неговиот колега од Тирана Луфтер Џувели. Агендата позната, статусот на албанскиот дел од Охридското Езеро кај УНЕСКО, еколошките проблеми и ЗАШТИТАТА на светското природно наследство и рибниот фонд во него и од другата страна на „избришаната“ водна граница.
Овие проблеми се провлекуваат во разговорите на владините преставници од Македонија и Албанија повеќе од деценија и пол, но никако да бидат решени. Двете земји имаат потпишано повеќе билатерални договори за заштита на Охридското Езеро, формирани се заеднички тела и иницијативи, но впечаток е дека имплементацијата на договореното на терен оди премногу бавно или ја нема.
Особено тоа се чувствува во заштитата на ендемските видови пастрмка и белвица, кои поради неконтролираниот излов во минатото, според експертите, се доведени на раб на исчезнување. И додека на македонска страна на сила е потполна забрана за лов на овие видови риба, иако големо прашање е колку се почитува, во албанскиот дел од езерото пастрмката и белвицата се ловат слободно и без никакви ограничувања. Токму на тоа неодамна предупредија и експертите од Хидробиолошкиот институт од Охрид, кои сметаат дека напорите за спас на пастрмката се залудни доколку Македонија и Албанија не ги харминизираат мерките на заштита на рибниот фонд. Тие изнесоа алармантни податоци дека во Албанија се ловат пастрмки стари само 2-3 години со што автоматски се уништува подмладокот на пастрмката. Поради тоа експертите апелираат до надлежните во Македонија и Албанија конечно да седнат и да го решат проблемо, а пастрмката подеднакво да се штити од двете страни на езерото.
Дали денешната средба на која агилниот Билатерален секретаријат за заштита на Охридското Езеро, ќе иницира дебата и за заштитата на појасите со трска и можностите за евентуална ревизија на меѓудржавните договори со стар датум кои не одговараат на новите еколошки и економски услови во регионот, ќе придонесе декларативните заложби конечно да бидат преточени во конкретна иницијатива која ќе даде видливи резултати, или ќе биде тоа уште едно протоколарно видување на министрите? Сериозноста на проблемите со кои се соочува Охридското Езеро наметнува потреба од брзо институционално дејствување од двете страни, за да го зачуваме бисерот на кој му се воодушевува целиот свет, а кој ние по се што правиме и како се однесуваме кон него изгледа и не го цениме доволно.
Парична казна во висина од 5000 евра изрече денеска Струшкиот основен суд за поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезо...
Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ денес го одбележаа 21 септември, Глобалниот ден на кругот на мирот Преку активности заедно со своите наставници тие ја испратија поракта „Едно дрво Еден круг Еден заед...
Самостојна изложба на слики насловена „Охридска рапсодија” на Анче Колева ќе биде отворена утревечер, 22 септември, со почеток во 19:30 часот во изложбениот салон во НУ Центар за култура „Гри...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.