Еден од првите извештаи за хеликоптерската несреќа во која загина Коби Брајант, неговата ќерка Џана и уште седум лица покажуваат дека хеликоптерот немал проблем со моторите, туку со опремата која не била соодветна за условите во кои летал.

Според Државниот одбор за сигурност во патувањето, скршените дрва околу несреќата се доказ дека моторите биле исправни се до падот. Сведоци од местото на несреќата велат дека хеликоптерот чудно се движел пред падот кој се покажа фатален за животот на деветте лица.

Хеликоптерот со кој летал Коби немал дозвола за визуелно летање во специфични услови. Тоа значи дека пилотот требало да се ориентира само на надворешната ситуација, без да користи дополнителни инструменти во текот на летот. Компанијата која го поседувала хеликоптерот немала дозвола за користење на Специјално визуелно летање, но од контролната кула, пилотот Ара Зобајан добил инструкции.

Иако хеликоптерот ги имал сите потребни инструменти за летање во неповолно услови, не смеел да ги користи затоа што компанијата која го поседува леталото ја немалонпотребната дозвола за летање во такви услови.

Следните истраги ќе бидат фокусирани на пилотот и временските услови, откако стана јасно дека падот не е поради дефектот на хеликоптерот.

OhridNews