Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни поради повреда го пропушти “чудесниот“ натпревар одигран против Њукасл на Олд Трафорд во рамките од 19-то коло во Премиер лигата.

Повредата на лигаментите ќе го оддалечи Руни, две до три недели од терените. Повредата на англискиот репрезентативец доаѓа во незгодно време поради згуснатиот распоред во Премиер лигата.

Англичанецот најмалку ќе пропушти три натпревари, два во Премиер лигата и еден меч во ФА Купот. Неговото враќање се очекува на мечот со Ливерпул на 13 јануар или со Тотенхем една недела подоцна.

Руни на листата на повредени им се придружи на бразилците, Рафаел и Андерсон додека пред опаравување и враќање во составот е Шинџи Кагава.

Мх.П.