Владата подготвува нов пакет мерки кои ќе бидат објавени по велигденските празници, најави денес премиерот Христијан Мицкоски. Како што посочи истите ќе бидат насочени кон основните прехранбени производи со комбинација од намалување на ДДВ-то и ограничување на профитните маржи. Владата, рече, прави анализа и е претпазлива во носењето на решенијата бидејќи не се знае колку ќе трае кризата.

Следните мерки би биле повеќе таргетирани за одредени целни групи на граѓани и одредени производи. Зборувам тука пред сè за основните прехранбени производи. И тие мерки би биле комбинирани и со намалување на данокот на додадена вредност, но и со ограничување на профитната маржа. Во таа насока би се движеле мерките, рече Мицкоски.

Законот за нефер трговски практики за зголемување на казните, потенцираше дека е готов и прашање на денови е кога истиот ќе влезе во владиина процедура.

Во однос на инфлацијата за март според владините пресемтки се очекува да изнесува помеѓу 4,5 и 5 отсто.

Ги правиме анализите во насока на тоа да видиме дали имаме злоупотреба и непазарно однесување од одредени оператори. Да ве потсетам дека во март и април 2022 година стапката на инфлација е двоцифрена односно 10,5 отсто. Со овие корекции кои ги направивме и со почетните мерки намалување на ДДВ и можноста да се намали акцизата ги преполовивме можности за двојно поголема инфлација. Внимателно ја анализираме состојбата, додаде Мицкоски.

OhridNews