И овој пат во понудата на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид се познати автори и книги, кои сигурно ќе го најдат патот и до најпребирливите сладоксуци на читањето, велат од Библиотеката.

“Бронзениот коњаник” од Паулина Сајмонс во издание на издавачката куќа Сакам Книги која е во два дела; првиот дел од серијалот е со наслов “Ленинград”, а насловот на втората книга е „Златната порта”.

„Господин вообразен” – Вај Киленд и Пенелопи Вард и „Четирите ветришта” од писателката Кристин Хана, двете книги во издание на издавачката куќа Сакам Книги.

„Брезите што шумеа крај Темза” – Катерина Серафимовска, книгата во издание на „Арс Либрис”, дел од „Арс Ламина – публикации”, како и книгата „Мртво тело во библиотеката” од Агата Кристи во издание исто така на „Арс Либрис” и книгата „Последниот ритуал” – Ирса Сигурдардотир од Антолог, Скопје.

Од Библиотекта потсетуваат дека најновите наслови како и сите останати книги и публикации читателите можат да ги зајмат секој работен ден од понеделник до петок од 08.30 – 18.30 часот, а годишната членарина за возрасни иснесува 300, додека за ученици 200 денари.

OhridNews