НУ Библиотека „Григор Прличев“ продолжува со збогатување на книжниот фонд со нови наслови.

Од охридската библиотека информираат дека во наредниот период заинтересираните граѓани ќе можат да ги позајмат следните нови наслови: “Чејка и чајка” од Вера Чејковска, “Земја”–Тришо Стојановски, “Илјада четиринаесет”–Петре Димовски, “Монахот што се плашеше од смртта”–Горан Василевски, “Антички календари”–Лидија Ковачева, “Се буди ѕверот”–Велко Неделковски, “Слики од бунарот”–Марина Икономова-Шокева, “Убиј го зборливото куче”–Митко Маџунков, “Зошто страдаме”–Виктор Илиевски, “Сказна за чучулигата”–Томе Богдановски, “Шест упанишади” и “Зошто ги сакаме жените” од Мирчеа Картареску.

OhridNews