Вечерва, продолжуваат осминафиналните мечеви во најмасовното клупско натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа. На програмата се четири натпревари, по кои ќе се комплетираат четвртфиналните учесници.

На три од четирите мечеви вечерашниот натпревар ќе биде реванш, додека на дуелот Севиља – Рома ќе се одигра еден меч на неутрален терен. Победникот обезбедува пласман во топ 8. На преостанатите дуели од осминафиналето силите ќе ги одмерат Баер Леверкузен – Глазгов Ренџерс (3-1), Базел – Ајнтрахт Франкфурт (3-0), Вулверхемптон – Олимпијакос (1-1).

Двојки:

18:55 часот: Баер Леверкузен – Глазгов Ренџерс (3-1)

18:55 часот: Севиља – Рома

21 часот: Базел – Ајнтрахт Франкфурт (3-0)

21 часот: Вулверхемптон – Олимпијакос (1-1)

*Во заградите се резултатите од првите натпревари.

OhridNews

ЛЕ: Интер го реши Гетафе, „ѓаволите“ рутински против Ласк (видео)