Согласно донесената одлука на Советот на Општина Охрид за измена на режимот на сообраќај, организираните групи, туристи, слегувањето и качување во автобусите  ќе го вршат на улицата „Кузман Јосифоски Питу“ од почетокот на улицата, па се до пресекот со улицата „Партизанска“ (Универзитет Апостол Павле). Паркирањето на автобусите ќе може да се врши само на просторот позади спортската сала „Билјанини Извори”.

Автобус, паркиран на други локации освен наведените, од страна на полицијата ќе биде казнуван согласно законот за неправилно паркирање.

Цената на паркинг за 12 часа ќе изнесува 300 денари, а од 12-24 часа 600 денари.

OhridNews