Екипите на Ј.П.„Охридски комуналец„ ги заменија садовите за депонирање на комунален отпад во стариот дел од градот.

Нови садови за отпад со капацитет од 240 литри се поставени на фреквентни и лесно пристапни локации на улиците „Илинденска„, „Коста Абраш„ и „Цар Самоил„ во близина на познатите културно-историски знаменитости.