СВР Охрид деновиве регистрирал два нови случаи во кои жртви се деца.

Во првиот, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишно лице од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по чл.201, став 1 од Кривичниот законик.

Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа. Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на улицата „Владо Малески“ во Струга ги затекнале децата како спијат, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

ОВР Струга поднесен кривична пријава и против 35-годишно лице од струшкото село Шум, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по чл.201-а од Кривичниот законик.

Пријавениот на 15.05.2026 година околу 12 часот, на локален пат во селото Заграчани, физички нападнал 10-годишник од истото село, соопшти Димоски.

OhridNews
Фото: Илустрација