Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на еуросупер БС-95, на еуродизел (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,5 денари по литар.

Новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 63,00 ден за литар, на еуродизел (Д-Е В) 51,00 денари за литар, а на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 39,50 денари за литар. Цената на бензинот еуросупер БС-98 останува 65,00 денари за литар.

За 0,421 денари поскапува мазутот М-1 НС и еден килограм ќе се продава за 26,287 денари.

OhridNews