Екипите на „Паркови и зеленило“ реализираа низа активности за уредување на градските зелени површини. Во рамки на новото детско игралиште на ул.„Пере Тошев“, населба Лескајца, беше уредено цветно катче, каде беа посадени цвеќиња од видот „винка“ и декоративни грмушки.

Кај сообраќајната клучка на влезот во Охрид од патниот правец Скопје-Охрид извршена е хортикултурна реконструкција на тревниот дел каде е обработен површинскиот слој и засаден е нов тревен расад. Засадени се цветни грмушки од видот хибискус и спиреа и формирани се пет цветни леи.

Во старата градска чаршија по ул.„Гоце Делчев“ канделабрите сега ги красат висечки сардели, по извршената  замена на претходно засадените петунии.

Од дрворедите на булевар „ Туристичка“ и улицата „ Јане Сандански“  отстранети се четири  суви дрвја кои претставуваа потенцијална опасност за пешаците и сообраќајот и го  деградираа околниот тротоар.

OhridNews