Поставени нови училишни табли во сите училници на ООУ „Кочо Рацин“ информираат од Општина Охрид.
Заменети се старите и дотраени зелени табли со нови бели табли со цел да се подобрат условите за одвивање на наставата, велат во соопштението.
Средствата за набавка на новиот училишен инвентар се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Согласно програмата за образование и во текот на наредниот период ќе бидат реализирани слични инвестиции за подобрување на условите во сите училишни објекти во Охрид, се додава во соопштението.
OhridNews













