Со пумпи се спасуваат куќи во селото Новаци- Битола, каде ситуацијата е алармантана, а новите врнежи од дожд дополнително ја влошуваат состојбата во Пелагонија. Припадници на Армијата на Македонија пристигнаа во Новаци и помагаат во поставувањето вреќи со кои ќе се штитат куќите во Новаци.

Половина од могилската општина е отсечена од светот. Помеѓу Шемница од могилска страна и мостот на Црна река од страната на Радобор се формираше цело езеро,  2,5 метри вода ги потопи објектите во оваа општина. Дождот ги зголемува проблемите и во Логоварди. Жителите од ова село се борат со водата кој им поплави и куќи и дворови и ниви.

Наредните 24 часа се клучни во борбата со поплавите пред се во Пелагонија, како и во кочанскиот и гевгелискиот крај. Прогнозите се дека ќе наврнат нови триесетина литри дожд, но и нов снег на планините кој допрва ќе треба да се истопи.

OhridNews

извор: Макфакс фото: Телеграф