Членови на семејството на новинарот и претседател на ЗНМ, Насер Селмани, добивале закани по телефон од непознати лица, jaвуца „Макфакс“. Тој денеска даваше исказ во Обвинителството во врска со случајот со Бејтула Асани, братот на функционерот на ДУИ, Бекир Асани.

„Додека бев на службен пат, непознати лица се јавувале кај мои роднини и им се заканиле дека ќе го запалат целото семејство“, вели Селмани.

Тој ги повика новинарите да не се плашат и да ги пријавуваат заканите, а инстиуциите да ги расветлат сите случаите. 

Пред две недели Селмани на „Фејсбук“ доби порака со заканувачка содржина кога јавно напиша дека правната држава клекна пред еден силеџија, поддржан од ДУИ, по инцидентот со Беќир Асани, кој нападна полицика службеничка додека се обидувала да му напише казна за непрописно паркирање.

OhridNews
извор: „Макфакс“