Како што информираат од здружението “Богојавление”, до утре во 8 часот кога е крајниот рок за пријавување, се очекува бројот на пријавени да се искачи над 1000 капачи.
– И покрај ниските температури, бројот на пријавени постојано се зголемува. Очекуваме дека годинава, ќе се надмине минатогодишната бројка од 1100 пријавени капачи, велат од здружението.
Меѓу досега пријавените капачи, се наоѓаат и 80 жени учесници.