Во тек се подготвителните работи пред почетокот на изградбата на современиот затворен пазар во Охрид. Дел од тезгите се веќе дислоцирани на паркинг просторот во близина на пазарот, а дополнително на неколку локации во градот ќе бидат отворени и помали пазари, најавува директорот на ЈП Градски пазар, Тони Коталески. Штом завршат подготвителните работи ќе започне и изградбата на објектот со оглед на тоа што изведувачот го има добиено одобрението за градба.
Според изработениот проект, новиот објект ќе има подземна гаража која ќе располага со 100 места. На приземниот кат ќе биде сместен пазарот на површина од околу 1200 метри квадратни, а ќе има и трговски простории. На останатите два ката ќе бидат сместени дуќани и деловни простории. Првичните проценки се дека изградбата на објектот ќе заврши за 18 месеци.
Изведувач на активностите за изградба на современиот затворен зелен пазар е АД Илинден од Струга, кое беше избрано на тендер за доделување на договор за Јавно Приватно Партнерство.
OhridNews











