Понудата на свежо месо на трговскиот бренд „Топ маркет“, сега е комплетна.

Покрај свежо пилешко месо од Перутнина Птуј, Јона и Цекин, свежиот рибен програм од Метро и свежо говедско месо од Подгорка, во понудата на „Топ маркет“ на улица „Партизанска“ кај Факултетот за туризам и угостителство сега е и свежо спакуваното свинско месо од ЗЗ „Единство“ Челопек.

Истата понуда ќе важи и во „Топ маркет“ дисконтот на ул. 15 Корпус, велат од компанијата.

Наскоро Топ маркет ја проширува продажната мрежа и во Струга. Покрај исклучителниот избор на производи за широка потрошувачка новиоит супер модерен „Топ маркет“ на улицата „Партизанска“ во Струга, ќе изобилува со разновидна понуда на свежо овошје и зеленчук со врвен квалитет, како и топли и свежо печени печива и леб во секое време, информираат од компанијата.

Новитет е и тоа што „Топ тобако“ на охридскиот плоштад од сега е ексклузивно продажно место за „IQOS kit“, соопшти компанијата.

OhridNews