Денеска беше пуштено во употреба новото детско игралиште во дворот на ООУ „Братство Единство“ кое Општина Охрид го опреми со донација на „Халк банка“.
На пригодниот настан присустуваа градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и генералниот извршен директор на „Халк банка“ АД Скопје, Билал Суџубаши.
Градоначалникот упати благодарност за оваа донација со надеж за идна заедничка соработка. Тој истакна дека овој проект треба да биде поттик и пример за останатите општествено одговорни компании, да се вклучат и да дадат придонес во активности кои се од големо значење за заедницата.
Детското игралиште кое е опремено со современи детски реквизити, ќе придонесе за подобри услови за забава за најмладите ученици.
Претходно со поддршка на „Халк банка“, во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, беше опремена сензорна градина во ООУ „Григор Прличев“.
Шеста Смотра на ветерани и рекреативци „Заиграј на оро“- Охрид 2026 ќе се одржи денес со почеток во 18 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид Станува збор за единствената Смотра од в...
Постапката за легализација на бесправно изградени објекти во Општина Струга добива забрзано темпо Денеска градоначалникот Менди Ќура доделил 42 нови решенија за легализација, со што бројот на заврш...
На пригодна свеченост во поранешната касарна во Охрид, беше одбележана 82 годишнина од формирањето на Шестата народноослободителна бригада и 33 годишнината од формирањето на Шестата пешадиска брига...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.