Sky Corner

Од 05.01.2020 - 12:00 до 05.01.2020 - 17:00

Во „Скај Корнер“, на 5 јануари, недела, сладокусците повторно ќе можат да уживаат во извонредно подготвен неделен ручек: Туршија салата, Крем супа од карфиол, Јунешки мускул во сос и кремаста палента и десерт Крем бруле.

Ваше е само да го изберете друштвото и на време да резервирате маса за неделниот ручек во „Скај Корнер“.