Во Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи ново рочиште од судскиот процес против Лазе Радески -обвинет за тројно убиство.

Радески се товари дека во периодот од 2006 до 2008 година, ги убил уличните продавачи на девизи Раим Ракип, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески, сите од Охрид.

Во досегашниот дел од судскиот процес беа изведени повеќе докази и беа сослушани сведоци и членови на оштетените семејства. Обвинетиот во текот на судењето го призна убиството само над Трајче Цоцески, за кое тврди дека го сторил во самоодбрана, додека ги негираше убиствата врз Спиро Ставрески и Раим Ракип.

Ohridnews