Типизирани куќички изработени од дрво се поставени на Градскиот плоштад, каде ќе се одржи Новогодишен базар.

Владата денеска донесе одлука со која се скратува работното време на угостителските објекти и се забранува организирани прослави во затворено и на отворено. Организацијата на Новогодишниот базар, пак, ќе биде можност да се создаде каква таква празнична атмосфера во Охрид, во време кога празнувањето е во сенка на големата здравствена криза предизвикана од коронавирусот.

На поставувањето на типизираните дрвени куќички на градскиот плоштад реагираше дел од опозицијата која побара одговор од локалните власти за вредноста на инвестицијата и нејзината неопходност во актуелниот момент

OhridNews