Учениците од музичкото училиште „Методи Патче“, денес ќе го одржат традиционалниот новогодишен концерт. На програмата се дела од познати автори, а ќе настапат деца од сите класи, информира директорката на училиштето Емилија Маринова.
На програмата се изведби на дела од Моцарт, Кабалевски, Штамиц, Пруст, Вивалди, Шопен, Штраус и други автори. Ќе настапат ученици од класите по виолина, клавир, пијано, флејта, гитара, кларинет и хармоника. На крај е предвиден настап на училишниот оркестар, вели Маринова.
Концертот ќе се одржи во хотел „Инекс Олгица“ со почетокот во 19 часот.
Н.С.Ј.












