На  31 декември, на пладне, на градскиот плоштад, најмалдите охриѓани ќе имаат можност да бидат дел од предновогодишната забава наменета за нив.

На новогодишниот хепенинг, кој  го организира охридската локална самоуправа, ќе учествуваат детските балетски и музички групи од Охрид, како и учениците од Основните училишта и членовите на Културно-уметничките друштва.

Новогодишната забава ќе ја надополни и  неизбежниот Дедо Мраз, кој ќе им ја честита Новата 2010 година, на сите присутни дечиња.

Ohridnews