По 17 години успешна работа на ветеринарната станица „Прима Вет“ во село Требеништа, од денес, со работа почнува и ветеринарната амбуланта „Вет Спирит“ во Охрид, која располага со современа опрема и стручен тим кој нуди 24 часовна грижа за здравјето на вашите домашни миленици.

Освен прегледи и совети, амбулантата „Вет Спирит“ врши и стационарно лекување, испитување на крвна слика, Ехо дијагностика, хируршки интервенции и копролошко испитување.

„Вет Спирит“ располага и со голем избор на храна за миленици, околувратници, поводници, садови за храна и вода, играчки, облека и многу други аксесоари од познати производители.

Ветеринарната амбуланта „Вет Спирит“ се наоѓа на улица „Славеј Планина“ бр.12, во близина на црквата „Св.Никола“ во Долна Влашка Маала.

OhridNews