Деновиве на официјалниот YouTube канал на најпопуларниот македонски изведувач на забавни песни Лозано, беше промовиран новиот видео спот за песната „Вардаре“, зад кој стои охриѓанецот Даниел Јовески.

Спотот изобилува со извонредни кадри и многу емотивни сцени, кои ја надополнуваат прекрасната изведба на Лозано.

Емотивната песна “Вардаре”, е дел од проектот “Километри”, со кој Лозано постигна извонреден успех.

Г.М.