Јавната установа Национален парк Галичица го објави новиот Ценовник за надоместоци за влез, посета и користење на услугите што ги нуди паркот.

Ценовникот ги опфаќа надоместоците за влез во заштитеното подрачје, паркирање, кампување, користење на едукативни содржини, фотографирање и снимање, организирање настани, како и други услуги достапни за посетителите.

Од Националниот парк ги повикуваат граѓаните и туристите навреме да се информираат за важечките цени пред да ја планираат својата посета.

Средствата обезбедени преку наплатата на надоместоците директно се вложуваат во заштитата на природните вредности, одржувањето на инфраструктурата и подобрувањето на услугите и условите за посетителите, велат од установата.

OhridNews