Националниот парк „Галичица“ со допис до медиумите реагира на наводите изнесени во соопштението на МЗ од Трпејца, а во врска со спорот што локалното население го има со сопствениците на угостителскиот објект „Ивере“. Во дописот кој го пренесуваме интегрално стои:

„Веќе подолго време сме сведоци на проблемот што е настанат помеѓу месната заедница од Трпејца и приватната фирма Ивере околу дивоизградениот објект од страна на Ивере на брегот на Охридското езеро во Трпејца. Во изминатиот период многу често од страна на месната заедница во Трпејца се инволвира и Јавната Установа Национален парк Галичица и се посочува како една од виновниците за тоа што дивоизградениот објект сеусте не е урнат.

Според тоа сметаме дека е потребно да ја запознаеме јавноста со вистината но и со случувањата во изминатите неколку години и секако да ги демантираме лагите кои што се поласираат во јавноста од некои поединци, а за нас од непознати причини.
Ве информираме дека ЈУ Национален парк Галичица Охрид, врз основа на претходна пријава од страна на наше службено лице,  вработените од ЈУНП Галичица веднаш излегле на терен за да постапат по однос на пријавата.

За истата активност како и секогаш претходно се направил записник каде што е констатирано дека навистина се работи за узурпација на државно земјиште кое што е во сопственост на Р. Македонија, а на кое е корисник ЈУНПГаличица. Согласно со нашите обврски согласно закон, за оваа узурпација уште  веднаш сме ги известиле Државниот правобранител кој што се грижи за државното земјиште, Општинскиот инспекторат – Градежната инспекција Охрид , Министерството за животна средина Скопје и Министерството за транспорт и врски ПЕ Охрид.

Врз основа на нашата пријава истите постапиле согласно законот и се донело решение за уривање на дивоизградениот објект.
Сакаме да ја известиме јавноста дека ЈУНПГаличица во целост ги исполнила своите обврски спрема законот а ова го знаат и од Месната заедница во Трпејца на кои им ја имаме дадено и целокупната документација од предметот. Исто така ве информираме дека пет члена делегација од месната заедница во Трпејца е постојано присутна во Управата на паркот и секогаш е примана од страна на директорот и тоа не само за овај проблем и секогаш ама баш секогаш го искажувале нивното задоволство од соработката со управата на паркот и тоа на разни полиња.

Во оваа прилика сакаме уште еднаш да и потенцираме на месната заедница од Трпејца дека секогаш се добредојдени во управата на паркот за и понатака зеднички да ги разрешуваме сите проблеми како и до сега.

Што се однесува на дописот објавен во OhridNews каде што се пишува дека на барање на инвеститорот Ивере ЈУНПГ издало документ дека просторот нема некоја економска важност за Националниот парк ве информираме дека тоа е СОСЕМА НЕТОЧНО.  ЈУНПГаличица во оваа прилика ја информира јавноста дека согласно Законот за  утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти,  по претходно доставување на барање за мислење од страна на Секторот за урбанизам и заштита на животна средина, Одделение за спроведување урбанистички планови, ЈУНП Галичица има законска обврска да го даде своето мислење на овој орган, ИСКЛУЧИВО САМО  за тоа во која зона на заштита се наоѓа објектот кој што е предмет на легализација а согласно Законот за заштита на природата и Планот за управување со НПГ.

До денес во Управата на паркот од страна на Секторот за урбанизам и заштита на животна средина, Одделение за спроведување урбанистички планови Охрид се доставени околу 20 (дваесет) вакви барања помеѓу кое и барањето за легализација на гореспоменатиот објект.

По однос на истиот сме посочиле дека се наоѓа во зоната на одржливо искористување и тука завршува нашата законска обврска. Дали понатака овај објект ќе се легализира и дали постои законска можност за тоа ние ниту знаеме ниту е во рамките на нашите надлежности.

И за крај сакаме да ја известиме јавноста дека ЈУНП Галичица нема никаква законска можност да руши било какви дивоградби туку за тоа постојат други служби, а тоа го знаат и претставниците на месната заедница од Трпејца и за тоа веќе неколку пати сме разговарале досега во нашата управа.“-се вели во соопштението за јавност испратено од Јавната установа Национален парк „Галичица“

OhridNews