Новата социјадемокрарска партија, е една од трите партии кои не ја потпишаа Декларацијата за иборно достоинство на СДУ. Партијата преку соопштение објаснува зошто не го потпишала предложениот документ:

„Во врска со иницијативата на Општинската организација на Социјалдемократската унија од Охрид за потпишување на Декларација за изборно достоинство, Општинската организација на НСДП одлучи да не го потпишува овој документ од следниве причини:

–    Пред сé, искуството од досегашните изборни процеси зборува дека потпишувањето на вакви и слични документи претставува само формална процедура, зашто сме сведоци на непочитување на основните изборни принципи, што доведе до голем број неправилности во гласањето, па дури и убиства на гласачките места.

–    Со непотпишувањето на Декларацијата сакаме да со свртиме вниманието кон сите политички субјекти, дека не сме за формални, туку за суштински слободни и фер избори.

–    НСДП на овие избори тоа и практично ќе го покаже,  со своите активности во изборната кампања, што е и  наша обврска пред Европската унија.

Општинската организација на НСДП од Охрид ја користи приликата, во овој миг, да повика на покажување на поголема одговорност и разум во изборните активности и на избирачките места, ако сакаме да ги избришеме трагите од блиското минато и да го вратиме рејтингот на овој град што го заслужува“, се вели во соопштението на секторот за комуникации при општинската организација на НСДП.

Ohridnews