Библиотеката „Григор Прличев“ донираше книги за библиотеката во село Лактиње каде Месната заедница отвори библиотека во сопствените простории со идеја таа постојано да се збогатува и да биде на дофат на жителите од ова ама и околните села, велат од НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Неодамна на барање на Месната заедница од село Лактиње библиотеката направи избор на дела кои би биле интересни за тамошните читатели и им ги подари на членовите на Месниот одбор. Книгите се веќе на нивните полици. Покрај оваа им ветуваме и нова поддршка во книги, велат од Библиотеката.

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“, велат, речиси секојдневно пристигнуваат донации во книги од читатели и сограѓани од Охрид, но и пошироко.

Стручни лица во библиотеката соодветно ги прегледуваат, евидентираат и подоцна доколку имаме доволен број примероци од секоја подарена книга – вишокот го складираме за идно наше донирање, додаваат од НУ Библиотека „Григор Прличев“.

OhridNews