Фудбалерот на Бенфика, Дарвин Нуњез договори трансфер во Ливерпул. Според новинарот Фабрицио Романо, напаѓачот ќе потпише договор со англискиот клуб за период од шест години – ќе важи до јуни 2028 година.

Претходно беше објавено дека Ливерпул и Бенфика се договориле за трансфер на Уругваецот за 80+20 милиони евра.
Нуњез сезоната 2021/22 настапи на 41 натпревар за Бенфика во сите натпреварувања постигна 34 гола и имаше 4 асистенции. против Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на шампионите даде два гола.
OhridNews










