Нуркачи од Националниот одбор за безбедност на транспортот на САД ја пронајдоа „црната кутија“ од бродот што вчера рано изутрината удри во мостот „Френсис Скот Ки“, изјави претседателот на НТСБ, Џенифер Хоменди.

„Црната кутија“ ќе биде анализирана и институцијата ќе испита дали валканото гориво имало улога во губењето на моќта на бродот како дел од истрагата за несреќата, изјави Хоменди за Си-Ен-Ен.

OhridNews